За нас

Пионери во индустријата

Со повеќе од 30 години традиција, квалитет и богато искуство зад себе, денес ние претставуваме една од најголемите и најуспешните флексо печатници во Република Северна Македонија.

Каде се наоѓаме?

Сместена во индустриската зона на градот Велес, 1ва Книга ДОО е пример за компанија која се држи во чекор со современите стандарди и светската технологија. Тајната на нашиот успех е високото ниво на иновативност, софистицираност, квалитет и прецизност во производството, како и целосно почитување на желбите на нашите клиенти.

Капацитети

Следејќи ги современите текови на флексо индустријата, располагаме со 3000 метри квадратни производствено – административен простор, над 50 вработени и високо квалификуван менаџерски тим. Јасната претстава за промените на пазарот, искуството, динамиката и високата технологија им даваат сигурност на нашите клиенти, партнери и соработници. Високо квалитетната подготовка, печатот и доработката на произведеното решение го изградија нашето реноме во полето на флексо печатењето.

Секоја година инвестираме во подобрување на машинскиот парк, и во подобрување на условите за работа. Наши силни страни се, брзината со која нарачките се произведуваат и флексибилност спрема барањата на коминтентите.