Услуги

Изработка на идејни решенија - дизајн

Нашиот дизајнерски тим е подготвен да одговори на Вашите потреби кога станува збор за идејно решение и дизајн на Вашите производи.

Изработка на дигитални клишиња

Поседуваме опрема KODAK NX за изработка на дигитални клишиња, со дебелина од 1,14 милиметри.

Флексо печатење

Нашата компанија располага со најсовремена технологија за печатење, која може да одговори на сите префинети идејни решенија, со печат до 8 бои.

Ламинирање

Во процесот на доработка, имаме технологија за ламинација на база на солвент, како и ламинација без солвенти ( топло и ладно каширање )

Сечење на фолија од ролна во ролна

Технологија за сечење на џамбо ролна во формат, согласно Вашите потреби.

Микроперфорација

Ние сме единствените во државата кои поседуваат уред за микроперфорација. Овој уред изработува микроперфорирана фолија, која овозможува производот да дише.

Изработка на готови кеси

Изработуваме два типа на готови кеси – кеси со грбен вар и кеси со краен вар.